„Залудно го планираш животот, некој веќе го направил тоа за тебе“: 13 мудрости на Габриел Гарсија Маркез

Добивај вести на Viber

Габриел Гарсија Маркез, еден од истакнатите мислители и добитници на Нобеловата награда, остави зад себе инспиративни зборови и мудри совети кои можат да не‘ инспирираат и водат во животот.

1. „Те сакам не поради тоа што си, туку поради тоа што сум јас кога сум околу тебе“. Оваа реченица не‘ потсетува дека љубовта не е само за личноста што ја сакаме, туку и за тоа како таа љубов не‘ менува. Кога сме во присуство на саканата личност, се чувствуваме среќни, исполнети и сакани.

2. „Ниту една личност не ги заслужува твоите солзи, а тој што ги заслужува никогаш нема да те расплаче“. Маркез не‘ потсетува дека не треба да ги трошиме нашите драгоцени солзи на оние кои не го ценат нашето присуство или не не‘ третираат со почит. Вистинските вредности се дека оние луѓе кои ја заслужуваат нашата љубов и внимание нема да ни дозволат да страдаме.

3. „Само затоа што некој не ве сака онака како што вие сакате, не значи дека не сте сакани со целото битие“. Оваа изјава ни ја покажува важноста да разбереме дека секој човек ја изразува љубовта на свој начин. Понекогаш може да биде тешко да препознаеме нечија љубов кон нас бидејќи начините на нејзино изразување се различни, но тоа не значи дека љубовта ја нема.

4. „Вистински пријател е онаа личност која те држи за рака и го допира твоето срце“. Вистинското пријателство е она кое оди подлабоко од површинските врски. Тоа се луѓе кои не‘ поддржуваат, не‘ разбираат и со кои споделуваме искреност.

5. „Најлошиот начин да ти недостига некој е да седиш до него и да знаеш дека никогаш нема да го имаш“. Оваа реченица не‘ предупредува за страдањето што можеме да го почувствуваме кога чувствуваме дека врската не е взаемна и никогаш нема да се оствари онака како што сакавме. Неопходно е да се ослободите од таквите ситуации и да продолжите на подобро.

6. „Никогаш не престанувајте да се смеете, дури и кога сте тажни. Некој можеби едноставно ќе се заљуби во вашата насмевка“. Насмевката има посебна моќ и може да ги привлече луѓето околу нас. Без оглед на тешкотиите со кои се соочуваме, важно е да ја задржиме насмевката на лицето и да наоѓаме радост во малите нешта.

7. „Можеби сте само личност на овој свет, но за некого сте целиот свет“. Оваа изјава не‘ потсетува колку сме важни за некои луѓе во нашиот живот. Можеби не сме познати на сите, но за некои луѓе сме исклучително важни и значајни.

8. „Не трошете време со некој кој не се грижи да поминува време со вас“. Ова е силен потсетник дека треба да бидеме со луѓе кои не‘ ценат и сакаат да бидат со нас. Нема смисла да трошиме време и енергија на оние кои не не‘ ценат и не покажуваат интерес за нас.

9. „Можеби Бог сака да сретнете многу погрешни луѓе пред да го сретнете вистинскиот, а кога тоа ќе се случи, ќе му се заблагодарите“. Оваа изјава не‘ теши кога поминуваме низ лоши врски. Сите овие погрешни луѓе можат да нè научат вредни лекции и да не‘ доведат до вистинската личност која треба да биде со нас.

10. „Не плачи затоа што е готово. Смеј се затоа што се случи! Овој совет не‘ потсетува дека не треба да се фокусираме на завршување на нешто, туку на среќните моменти што ги имавме и да се потсетиме колку ни биле важни тие искуства.

11. „Секогаш ќе има луѓе кои ќе ве повредат. Продолжете да верувате, само бидете повнимателни“. Маркез не‘ предупредува дека повредите се дел од животот, но не треба да ја губиме вербата во луѓето. Неопходно е да се биде внимателен, но не треба да дозволиме лошите искуства да не‘ затворат до љубовта и довербата.

12. „Станете подобра личност и погрижете се да знаете кој сте пред да запознаете некој нов, и надевајте се дека таа личност знае која сте вие“. Оваа изјава ја нагласува важноста на личниот развој и самоспознавање пред да стапите во нова врска. Свесноста за сопствените вредности и силни страни ќе ни помогне да привлечеме личност која ќе не цени такви какви што сме.

13. „Најдобрите работи се случуваат кога најмалку ги очекувате. Додека вие го планирате вашиот живот, некој друг веќе го направил тоа. Некои работи на кои не можете да влијаете без разлика колку и да се трудите, прифатете ги како што се‘и научете да живеете со тоа“. Овој совет не‘ учи колку е важно да ги прифатиме промените и животните околности кои не можеме да ги контролираме. Понекогаш најдобрите работи во животот се оние кои доаѓаат спонтано, па затоа е важно да бидете отворени за нови можности.

Според неговите зборови, Габриел Гарсија Маркез не‘ потсети на важноста на љубовта, самоспознавањето, прифаќањето и уживањето во животот. Неговиот мудар совет дава инспирација и не‘ потсетува да живееме со љубов, смеа и храброст.


Фото: Youtube - screenshoot