Засекогаш ќе ме тера да се смеам: Шенон Доерти проговори за Лук Пери

Добивај вести на Viber

Актерката Шенон Доерти е скршена по смртта на својот колега и пријател Лук Пери, кој почина сношти во Калифорнија, откако минатата среда доживеа мозочен удар.

„Во шок сум. Срцето ми е скршено откако го загубив мојот драг пријател. Имам толку многу спомени со Лук што ќе ме тераат засекогаш да се смеам. Тие спомени секогаш ќе бидат врежани во моето срце“, открила Доерти (47) екслузивно за „Пипл“.

Шенон и Лук беа популарните Бренда и Дилан од Тв серијата „Беверли Хилс 90210“. Доерти се лекуваше од цанцер на дојка во 2015 година, а Лук Пери ѝ беше голема поддршка.