Заводлив животински принт: Кралицата Максима од Холандија во шик издание кое е лесно за копирање
Сопругата на холандскиот крал облече интересна и неочекувана комбинација.
Кралицата Максима од Холандија при една посета на организација во градот Амел, каде разговараа како да им се помогне на малите и средни претпријатија за време на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Сопругата на кралот Вилем-Александар одржа краток говор и потсети на бројните проблеми со кои се соочуваа претприемачите во текот на изминатата година, и повторно остави одличен впечаток во внимателно одбраната варијанта на облека.
За оваа пригода таа одбра фустан со средна должина украсен со леопард принт, а го потпишува модната куќа Нејтан, една од омилените на Максима. Станува збор за затворен модел со долги ракави кој се сече во пределот на половината и се протега од колковите надолу во форма на ѕвонче.
Кралицата на Холандија го комбинираше фустанот со тенок капут во нејзината омилена боја - црвена, и со црвени салонки изработени од превртена кожа. Носи и бургунди заштитна маска, како и умерен накит.
извор: GLOSSY
Стил на денот: Две кралици, еден фустан - која подобро го носи Летиција или Максима