Збогум: Славната Шинејд О’Конор замина во вечното почивалиште, ја испратија илјадници фанови пеејќи ја „Nothing compares to U“ (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Илјадници обожаватели ја испратија славната Шинејд О’Конор во своето вечно почивалиште во градот Бреј, недалеку од Даблин, каде пејачката живееше некое време. На погребот можеа да се слушнат мелодиите на добро позната песна „Nothing compares to U“.

Таа имаше прекрасен глас, и светска слава, но длабоко во себе се бореше со тагата.

-Имаше глас кој трогна една генерација млади луѓе и кој можеше да ги расплаче слушателите. Носеше тон на надеж и барање за пат до дома“, рече на збогувањето имамот шејх доктор Умар Ал Кадри.

На Шнејд  која го прифати исламот како своја религија во 2018 година ѝ беше организиран муслимански погреб. Голем број од познатите личности дојдоа да се простат од неа. На погребот стигна Боно и други членови на бендот U2, како и ирскиот претседател Мајкл Д Хигинс, пишува „Дејли Меил“.

За потсетување, О’конор кон крајот на јуни на 56-годишна возраст.


Фото:youtube/screenshot