Зборовите на оваа баба ги воодушевија сите генерации: Наполни 101 година, а нејзиниот рецепт за долговечност е толку едноставен, но многумина не го применуваат

Тајните на долговечноста најдобро ги знаат оние кои доживеале длабока старост. Оваа баба има 101 година, на Тик ток е објавено интервју со неа каде многумина коментираат дека изгледа многу помладо. Нејзиниот рецепт за долг живот е многу едноставен, но инајмалку применет.

„Едноставно е. Живеам во сегашноста и денес, не се враќам назад затоа што вчера го нема веќе. Не правам планови за следната недела, бидејќи работите се менуваат од момент во момент. Тоа е едноставна тајна, грижете се за себе секојдневно“, изјавила бабата и нејзиниот рецепт за долговечност им се допаднал на голем број луѓе.

@rachelwohl Replying to @Blue skies original sound - Rachel Wohl

Многумина го фалат нејзиниот совет, посочувајќи дека овие зборови ја опишуваат суштината на животот: „Најдобрата препорака, Господ да ве благослови“. Други додаваат дека често е тешко да се живее без планирање.

Внуката на сензацијата на социјалните мрежи Рејчел Вон гордо и кажа на симпатичната старица дека нејзиниот совет станал многу популарен, кој го испратила со најсреќна насмевка.

Фото: Принтскрин/Тик ток
Извор: zena.blic.rs