Здрави навики за среќен ден: Еве неколку совети за да бидете витални
Најздраво е да се
разбудите по 7-8 часа добар сон и да се обидете тоа да е во нормално време. На
пример, ако одите да спиете во 23 часот и се будите во 6 или 7 часот, тоа би
било идеално. Затоа обидете се да си го приагодите распоредот околу ова време.
Откако ќе се разбудите, добро би било на празен стомак да испиете чаша топла вода со свежо цеден лимон. Потоа можете да вежбате пред појадок. После краток (или подолг) тренинг или добро истегнување, почестете се со хранлив и здрав појадок, по можност да е калоричен и спремни сте за цел ден.
Наместо утринско кафе, можете да почнете да пиете зелен чај, но ниту кафето нема да биде лош избор во здраво утро. Само внимавајте да не ставате премногу шеќер. Кафето можете да го пиете после појадокот доколку тоа ви одговара.
Овој „режим“ можеби звучи прилично строг, но нема да биде ако научите да уживате во него. Чувството што ќе го добиете за возврат е бесценето.
Ако немате време за горенаведеното, тогаш барем на празен стомак испијте чаша топла вода со лимон и појадувајте хранлив појадок. Со прескокнување на појадокот, луѓето само си нанесуваат штета, а мислат дека профитираат. Калориите се избегнуваат навечер, а не наутро.
Важно е секој од нас да го прави она што го прави среќен и опуштен, да го слуша своето тело и да открие што му одговара. Животот без стрес е најдобар, но за жал поради многу околности тоа е тешко да се постигне за многумина. Затоа секој треба да си посвети барем еден час во текот на денот каде комплетно ќе се опушти на ништо да не размислува, доколку може убаво е тоа време да го помине во молитва.