(ФОТО) Зелена евровизиска разгледница: Тамара блесна на снимањето во Тел Авив

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска пред неколку дена отпатува за Израел, во рамките на нејзините промотивни евровизиски активности.

Дека си поминува супер сведочат објавитте на нејзиниот профил на Инстаграм. Пејачката во супер атмосфера ја снима македонската разгледница за 64-тата Евровизија.

- Денеска прекрасно си поминав на снимањето на евровизиската рзагледница. Големо благодарам за целиот тим што направи да се чувствувам толку добредојдено. Многу сум горда што сум дел од ова неверојатно патување- напиша Тамара.

За разгледницата групата која ја придружува Тамара е облечена во зелено, а Тамара во парчиња од Fashion Group Macedonia. Тренди дуксерот кој го носи Тамара може да го купите во Replay за 8890 денари.

Сепак во една од објавите, Тамара откри дека и недостигаат Хана и Дарен и едвај чека да си дојде дома за да ги види.

- Би сакала да можам да ги земам моите деца со мене во Израел но за жал тоа не е можно поради големиот број на обврски и проби за време на мојот престој таму. Бескрајно сум им благодарна на мојот сопруг и моето семејство што се секогаш покрај мене и несебично ми помагаат. Верувам дека човек ништо во животот не може да се постигне сам- откри таа во интервју за Женски Магазин.

Тамара, со песната „Proud“ ќе ја претставува Македонија на „Евросонг“ во Тел Авив на второто полуфинале на 16 мај.