Жена на годината на Женски магазин: Светлана Мојсов, една од најдобрите научнички на планетата

Добивај вести на Viber

Светлана Мојсов ― биохемичарка од македонка која работи како вонреден професор-истражувач на Универзитетот Рокфелер. Се занимава со истражување на синтезата на пептиди. Таа го открила пептид-1 сличен на глукагон (GLP-1) и ја објаснила неговата улога во метаболизмот на глукозата и излачувањето на инсулин. Нејзиното откритие го искористила фармацевтската компанија Ново Нордиск за производство на лекови против дијабетес и дебелина. Откривање на семаглутидни лекови, Ozempic за дијабет и Wegovy за слабеење.

Во 2023 година, Nature ја прогласи за една од 10 највлијателни научници на планетата, а 2024 Time ја смести меѓу 100 највлијателни луѓе, иноватори!

Оваа успешна дама се закити со награда „Принцеза на Астуриас“ за 2024 година, во категоријата за научно и техничко истражување, што ја доделува Кралското семејство на Шпанија. Заедно со уште четворица научници, спровеле истражувања кои имаат значаен клинички и социјален импакт, а резултат е нивниот придонес во развивањето ефективни лекарства за справување со дијабетес како и ублажување на асоцијативни форми на патологии што го подобруваат квалитетот на живот за стотици милиони луѓе ширум светот.

Наградата Princesa de Asturias е една од најпрестижните награди што од 1981 ги доделува Шпанското кралско семејство, односно наследникот на шпанскиот трон, Принцезата Леонор, која до преземањето на шпанскиот кралски трон ја носи титулата Принцеза на Астуријас. И по форма и по содржина ја имаат тежината на “Нобелова награда“.

Светлана Мојсов е ќерка на Лазар Мојсов, дипломат и државник, претседавач на Генералното собрание на ООН од 1977 до 1978. Завршила студии по физичка хемија на Природно-математичкиот факултет во Белград. Се запишала на постдипломски студии на Универзитетот Рокфелер во 1972 година, каде што работела со Роберт Брус Мерифилд, добитник на Нобелова награда за хемија во 1984 за синтеза на пептиди. Поточно, Мојсов се фокусирала на синтезата на глукагон, кој се ослободува во панкреасот. Во тоа време, се претпоставувало дека глукагонот може да помогне во лекувањето на дијабетес тип 2.

Во 1980-тите, Мојсов се преселила во Општата болница во Масачусетс, каде што станала шеф на одделот за синтеза на пептиди. Таа дошла во оваа болница набргу откако Џоел Хабенер клонирал проглукагон додека испитувал видови риби од Бостонското пристаниште. Мојсов работела на идентификација на GLP-1, хормон што се произведува во цревата и предизвикува ослободување на инсулин. Аминокиселинската низа на GLP е слична на онаа на гастричниот инхибиторен пептид, инкретин. Во обид да идентификува дали конкретниот фрагмент е инкретин, Мојсов произвела инкретин антитело и развила метод за следење на неговото присуство. Поконкретно, Мојсов успеала да утврди дека сегментот од 31 аминокиселина во GLP-1 е инкретин. Заедно со Гордон Вир и Џоел Хабенер, Мојсов покажала дека малите количини на лабораториски синтетизиран GLP-1 може да доведе до лачење на инсулин.

Во 1990-тите, Мојсов се вратила во Њујорк на Универзитетот Рокфелер во лабораторијата на Ралф М. Стајнман, добитник на Нобелова награда за медицина во 2011 за откривање на дендритични клетки. Во 1992 година, група во Општата болница во Масачусетс тестирала GLP-1 кај луѓе. Ново Нордиск разви лекови за дијабетес (Ozempic) и дебелина (Wegovy) кои го имитираат дејството на GLP-1. При тоа, дериватите на GLP синтетизирани од Мојсов биле патентирани како пептиди што може да доведат до ослободување на инсулин, но само Хабенер бил наведен како единствен автор. Мојсов покренала постапка и нејзиното име да биде вклучено во патентите. Општата болница во Масачусетс сепак се согласила да го додаде нејзиното име на четири патенти, но Мојсов добила една третина од хонорарите за лекот само за една година. Таа продолжила да се бори за признание откако нејзините соработници добиле бројни награди бидејќи новите верзии на GLP-1 беа одобрени за употреба кај луѓе и станаа попопуларни.

Има добиено огромен број највисоки меѓународни признанија и со право е нарекувана една од најдобрите научнички на планетата.

Р.Ж.М