Жена со непогрешливо чувство за мода: Пролетните комбинации на Ева Мендез ќе ве инспирираат

Добивај вести на Viber

Изреката дека жената е како вино, во нејзиниот случај се покажа како многу точна. Актерката Ева Мендез во својата петта деценија од животот, изгледа подобро од кога и да е, а нејзиниот стил е непогрешлив.

Без разлика дали станува збор за обичен или елегантен стајлинг, актерката е секогаш облечена за чиста десетка.

Пролетта е тука, и доколку ви треба доза инспирација за стајлинг за наредните денови, погледнете ги комбинациите на Ева Мендез кои несомнено ќе ве инспирираат. Актерката навистина знае како секоја модна комбинација да ја направи импресивна.

Познатата актерка, во соработка со модниот бренд New York & Company, лансираше линија на прекрасни фустани пред неколку години, а таа беше заштитно лице и модел.

Оттогаш, Ева стана препознатлива по своите смели и весели модни креации, кои очигледно ги полудеа и воодушевија припадничките на понежниот пол ширум светот.

Негува стил на дама, кој често е зачинет со посебни детали кои даваат уникатен изглед.


Актерката често добива илјадници коментари за нејзиниот стил, па нема сомнение дека многу жени и девојки наоѓаат инспирација во нејзините комбинации.


извор:wanted.mondo.rs
(ФОТО) Третман кој боли додека го гледате: Ева Мендез откри како се подмладува