Жените дискриминирани за вработување: Ги прашуваат дали планираат да стапуваат во брак и да раѓаат деца

Добивај вести на Viber

На многу девојки на интервјуата за работа им било поставено прашањето дали планираат да стапуваат во брак и да раѓаат деца. Девојките се жалат на дискриминација. 

„Бев на интервју за работа како медицинска сестра и првото прашање кое ми го поставија беше дали сум мажена. Јас на тоа ги прашав како е тоа релевантно за работата која ја нудат. На тоа девојката која ме интервјуираше ми рече дека им е важно зашто сакаат да оформат постојан тим и дека доколку планирам деца во блиска иднина ќе бидам отсутна и тоа не им одговара. Јас им одговорив дека тоа е многу лично и дека немаат право да прашуваат и дека доколку сакаат да го дискутираат мојот долгорочен ангажман тоа е сосем нешто друго. На ова интервјуерката се збуни и не знаеше што да каже. Потоа интервјуто течеше нормално, по што ми рекоа дека ќе ми се јават доколку ме одберат, за што искрено се сомневам поради одговорот кој им го дадов“, ова е искуство на една млада девојка.

Но, оваа пракса трае со години. Со ваков проблем се соочиле младите девојки кои аплицирале за работа во приватни фирми.

Целиот текст по оваа тема прочитајте го Фактор