Жените можат да придонесат во обликувањето на ефективна организациска структура

Добивај вести на Viber

Преку цврста посветеност на еднаквоста, банката негува средина, којашто го промовира напредокот на жените професионалци, што резултира со забележителна застапеност на жените на лидерски позиции. Како конфирмација, всушност и Заменик претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје е жена. Во ера каде вклучувањето и различноста се клучни за успехот, Шпаркасе Банка АД Скопје, како водечка финансиска институција, го препознава непроценливиот придонес на жените во обликувањето на успехот на организацијата, како и во поттикнувањето на иновациите.

Со длабоко разбирање на еволуирачкиот финансиски матрикс и предизвиците со коишто се соочуваат поединците во нивните финансиски патувања, Катерина Јанковиќ -  Директор на сектор население во Шпаркасе Банка, е инспирација и одличен рол-модел за идните професионалци, кои сакаат да остават свој кариерен белег.


Катерина Јанковиќ е високо остварен професионалец во областа на финансиите, со сеопфатно искуство, позната по нејзината посветеност на развој и поддршка на тимот, обезбедување на исклучителни искуства на клиентите и иновативни решенија токму за нив. Нејзините силни лидерски вештини и стратешка визија, се одличен пример за инспиративна кариера и лидерство во банкарската индустрија.

„Важно е жените да ја препознаат сопствената вредност, способности и потенцијал. Тие треба да се фокусираат на нивните силни страни, вештини и искуства, коишто ги прават квалификувани за лидерски улоги. Шпаркасе Банка сѐ повеќе ја препознава важноста на родовата различност и активно го промовира развојот на женското лидерство. Нашата банка нуди различни програми и иницијативи за поддршка на жените во унапредување на нивните кариери и достигнување лидерски позиции, а за нас жените од суштинско значење е да ги искористиме овие можности, да ги прифатиме предизвиците и да имаме доверба во своите способности. Лидерството е вроден талент на којшто му е потребна нега и пракса, за да избие во општеството и да се позиционира на лидерско место. А тука нема никакво ограничување со полот. Токму затоа, силно верувам дека со сѐ почесто преземање на лидерски улоги, жените придонесуваат во обликувањето на успешните организациски системи и поттикнување на силна инспирација за идните генерации на жени лидери,“ е ставот на Јанковиќ.

Со активно промовирање на жените во лидерски улоги, Шпаркасе Банка ја зајакнува својата заложба за поттикнување на средина, каде се негуваат талентот и потенцијалот, без разлика на полот. Оваа посветеност на родовата колоритност на лидерските позиции во Шпаркасе Банка, не е само одраз на основните вредности на банката, туку и се усогласува со глобалните визии за промовирање на инклузивноста и еднаквите можности на работното место.


„Во Шпаркасе Банка веруваме дека едукацијaта игра витална улога во поттикнувањето на одржливи практики. Но, исто така, веруваме и дека едукативниот процес трае засекогаш. Кон крајот на минатата година, отворивме тренинг центар, наменет за работно воведување на сите нови вработени, каде создадовме еден вид на тест-експозитура во којашто се одвива комплетна обука. Но, не само тоа, спроведуваме и различни обуки со коишто ги едуцираме не само нашите вработени, туку и нашите клиенти за одржливост и одговорно банкарство. Нашата соработка со надворешни партнери, како што се државните и приватни универзитети, а и непрофитниот сектор, е исклучиво во насока да развиеме „custom-made“ курсеви, работилници, обуки, „coaching-сесии“, како би ги зголемувале континуирано потенцијалите на нашите вработени, а со тоа секако бенефитот, во форма на подобри перформанси, којшто би го имале нашите клиенти, како грижа за нивното финансиско здравје. Ние не застануваме тука, за нас досегашните активности се само почеток во нашата инвестиција преку многубројни активности да креираме и да го одржуваме финансиското здравје за нашите клиенти,“ дополнува Јанковиќ.

Шпаркасе Банка е горда банка со разновиден лидерски тим од жени, кои носат богато искуство и уникатни перспективи во нивните улоги, придонесувајќи за севкупниот успех и угледот на банката.


*Пр објава