Жените може да бидат убави на 20 години, шармантни на 40, и неодоливи до крајот на животот: Како зборуваше Коко Шанел

Добивај вести на Viber

Икона на стилот, која го сврте светот на модата, творец на мали црни фустани и легендарни ароми «Chanel  5», фантастичната Коко, секогаш ја одликувала духовитост и сопствен поглед на светот.

Токму тие квалитети и помогнале да стане она што станала: „На светот има разни војвотки - но само една е Коко Шанел“- говореше зачетничката на модата. И не згреши.

Веруваме дека никој да го повредат цитатите на жената со беспрекорен вкус.

1. Чувајте се од оригиналноста – во женската мода оригиналноста може да доведе до маскенбал.

2. Создавањето сопствена мода за себе може да си го дозволат само младите жени. Зрелите и постарите жени треба да ја следат класичната мода.

3. Грижата за убавината треба да почнува од вашето срце и душа, во спротивно никаква шминка нема да ви биде од корист.

4. Жените облечени во светли тонови  е тешко да ги доведете во лошо расположение.

5. Чипка – најубава имитација на фантазијата на природата. А бисерите се секогаш добредојдени. 

6. На 20 години жената има лице кои ѝ го подарила природата, на 30 она кое го создала сама, а на 40 она кое го заслужила.

7. Рацете се визит-картичка на секоја жена, нејзиниот врат е нејзина лична карта, а градите се нејзин пасош.

8. Годините не се најважното нешто во живото на жените: тие може да бидат убави на 20 години, шармантни на 40, и неодоливи до крајот на животот.

9. Парфем – невидлив, незаборавен, ненадминлив моден додаток. Тој е гласник на секоја жена, но и нејзин потсетник, каде и да оди. 

10. Најдобар моден детаљ на секоја жена е згоден маж покрај неа.

11. Ништо не ја прави жената стара како исклучиво скап костим.

12. „Кога треба да користам парфем?“ – прашува една млада девојка. „Кога сакаш да бидеш бакнувана“ – одговара Коко.

13. Жената која не користи шминка има премногу високо мислење за себе.

14. Убавината останува, а симпатичниот изглед избледува. Но жените никако не тежнеат да останат убави, тие сакаат да останат симпатични.

15. Кога нештата не ѝ одат од рака на една жена, таа знае дека мора да изгледа убаво.

16. Се верува дека е луксуз да и се спротивставите на сиромаштијата. Не, луксуз е да се спротивставите на вулгарноста.

17. Луѓето со добар вкус носат бижутерија. Сите останати мораат да носат злато.

18. Не се обидувајте да се подмладувате, на 50 години никој не е млад. Но затоа на светот има многу 50-годишни жени кои изгледаат далеку попривлечно од младите несредени жени.

19. Главното нешто кај една жена не е нејзината облека, туку убавите манири и мудроста.

20. Слобода - таа е секогаш во мода.


Фото: Youtube - screenshoot