Згодна и убава како неа: Ова е сестрата на Андријана Петрушовска

Андријана Петрушовска од Скопје јавноста ја запозна во втората сезона на регионалното музичко шоу Ѕвездите на Гранд.

Таа во саботата обезбеди пласман во четвртфиналето на ова регионално музичко талент шоу, и има силни предиспозиции да биде дел од финалистите.

Андријана плени со својата појава, од неа зрачи убавина и сексапил, зачинети со доволна доза на провокација која ја надополнува нејзината неодолива фигура, а е и една од најангажираните пејачки во домашните локали.

Прилично активна е на социјалните мрежи, а има сестра и брат. Ретко споделува фотографии од семејството, но знае да направи исклучок.

Овој пат , Петрушовска на Инстаграм стори сподели фотографија од нејзината убава сестра Ива.


Ива е исто толку убава и шармантна како нејзината сестра, а таа стои и зад инстаграм профилот @ivvy.mk и рачно изработува прекрасни женски чанти и накит од бисери кои нејзината сестра често знае да ги носи и комбинира.



Ива е средното дете во семејството Петрушовски.


ФОТО: Инстаграм