Згодната моделка Евгенија Колев роди уште едно момче: „Веќе сме дома“
„Веќе сме дома“ - напиша познатата моделка Евгенија Колев на Инстаграм стори каде објави и фотографија, а го сподели и името на вториот син кој го добил името Давид.
Таа неодамна сподели дека во септември ќе стане мајка по втор пат, а кога се породила Евгенија, засега не открива.
Таа цела бременост беше активна и вежбаше секое утро. И по првата бременост, брзо се врати во формата која ја имаше пред да се породи.
Евгенија Колев е мајка на едногодишно момче, но и студентка, модел. Се занимава активно со фитнес од 2015-та година.
Ретроспективно гледано, таа е модел од 2015 година. Нејзините почетоци се во модно студио Црнокрак, а подоцна во агенцијата Models In. Во 2017 победи на изборот за убавина Miss Mediterranean. Интересен факт за неа е дека зборува кинески јазик. Беше запишана на универзитет во Шангај и таму студираше кинески јазик 1 година, а потоа го продолжи образованието тука, во Македонија.
За Женски магазин, Евгенија во една прилика ни откри како е да се биде во истовреме мајка, студент и модел.Нема играчка која ќе го замени вниманието на мајката во очите на детето, но не треба да се запоставуваме и себеси: Евгенија Колев за Женски магазин