Зголемена температура кај деца: Намалете ја по природен пат

Малите деца, во период од шест месеци до пет години, посебно се чувствителни на фебрилитет. Високата температура може да се појави сосема изненадно (посебно кај доенче и мали деца) или може да се развива побавно. За топлината или фибра говориме кога телесната температура е повисока од 38 степени Целзиусови. Се што е под таа бројка го нарекуваме зголемена телесна температура. Доколку се работи за многу висока температура, таа може да се намали и на природен пат. Ги издвоивме овие неколку постапки на лекување кои родителите може да ги употребуваат во случај кога детето има зголемена телесна температура.

- Облечете го детето во полесна облека за да може телото да дише и да се лади.
- Поттикнете го да пие повеќе течности, а доколку не сака, на секој час давајте му барем по една лажица вода.
- Ако детето не сака вода, тогаш понудете му коцка мраз за да ја шмука. На тој начин ќе ја спречите дехидратацијата и ќе му помогне да се разлади.
- Подгответе му млака купка со која ќе се разлади за неколку минути, а температурата ќе се симне.
- Ако не сакате да го искапете во млака вода, тогаш истријте го со влажен и ладен сунѓер по телото.
- Ставајте му ладни облоги на челото, на вратот и на препоните бидејќи таму крвните садови се најблиску до површината на кожата и побрзо ќе се симне температурата.
- Земете лист од весник и избоцкајте го со игла, па намачкајте го со масло за јадење. - - - - Вака подготвен ставете го градите на детето. Ова е стар, но мошне ефикасен начин за извлекување на температурата.