Зимски снежни лудории: Водителот Ненад семејно на зимување во Банско

Добивај вести на Viber

Водителот Ненад Ѓоргиевски замина на зимување со неговата сопруга Горана и близнаците Иво и Љупка.

Ненад како дестинација за одмор и релаксација го одбра Банско. Водителот со семејството често го посетува овој зимски туристички центар во најразлични периоди од годината.

Но во овој период е најинтересно, а тоа го потврдуваат и неговте фотографии и видеа, бидејќи има снег и простор за зимски лудории.

Водителот објави видео како ужива во денот со неговите деца возејќи санка, како и прошетка низ снежно Банско.

Додека вечерните часови ги резервирал за неговата сопруга Горана да уживаат во чаша вино.

Фото: Фејсбук/Инстаграм