Живеевме како цимери: Вака поранешниот сопруг на Дара Бубамара проговори за нивниот брак - „Спиевме во посебни соби“

Добивај вести на Viber

Пејачката Дара Бубамара отсекогаш била во добри односи со поранешниот сопруг Милан Кесиќ, со кој го има синот Константин.

- Јас и Дара бевме најдобри другари. Малку е тешко да ви ја објаснам нашата врска, тоа е сосема специфично. Вистината е  дека јас и Дара никогаш не сме биле во вистински брак, главно нашата врска се базираше на пријателство и почит - изјави тогаш Милан и додаде:

- Постоеше и страст меѓу нас, потоа Дара остана бремена и се венчавме. Сепак, последните две и пол години брак немавме ништо, но не сакавме да се разведеме поради детето. Спиевме во посебни соби. Таа, како и секоја жена, мораше да излегува, да запознае некого. Не ми пречеше, ја почитував секоја нејзина одлука - изјави Кесиќ.

- Милан, Коста и јас патуваме заедно, лани бевме во Турција, во јануари заедно одиме во Дубаи. Па кој ќе ми биде најдобар пријател ако не тој? Неговите родители многу ме сакаа, а моите го сакаа него - изјави Дара гостувајќи во емисијата „Шоуто продолжува“.

Фото: darabubamara/instagram