Живеј денес, бидејќи „вчера“ помина, а „утре“ може и да не биде - Правила за среќен живот
Среќата е индивидуална.
Некому за среќа му е потребна вила на брегот на море или луксузен автомобил, а некој, едноставно сака да љуби и да биде љубен.
Без разлика, кој како го сфаќа поимот среќа, секој човек треба да знае дека е во наши раце, и фокусирајќи се на својата цел и вложувајќи одреден напор, е можно да се добие се што сакате.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го исполните вашиот сон и да станете среќни.
-Запамтете дека не сте должни ништо никому.
-Запамтете дека и вам никој ништо не ви е должен
-Обидете се да не се расправате со никој. Подобро да бидете во мир, отколку во право
-Во животот секогаш сметајте сами на себе
-Избегнувајте комуникација со будали
-Не штедете премногу
-Живејте денес, бидејќи вчера помина, а утре може и да не дојде
-Ако сте виновни-веднаш кажете и не барајте си оправдување на себе
-Секогаш имајте на ум, секој има своја вистина и таа често не се поклопува со вашата
-Ако сте лошо расположени, замислете дека кога умрете, нема го имате ни него
-Не гледајте премногу телевизија
-Обидете се да извлечете задоволство од секој настан
-Секогаш запомтете , овој живот е најдрагоцен.
-Најважна во животот е љубовта - се друго е суета
-Сите ваши проблеми се само во вашата глава
-Светот околу вас не е лош, ниту пак добар, нему му е сеедно - постоите ли вие во него или не
-Не занимавајте се со полтика, таа ги прави луѓето злобни.
-Не верувајте во ветувања, туку во чувства
-Со жените како и со децата, секогаш бидете трпеливи и малку снаодливи
-Знајте-денешниот ден е најдобар ден во вашиот живот