Живеј го моментот како дете: Кајмакоски наполни 35 години
Даниел Кајмакоски денеска полни 35 години. „Дефиниција за безусловна љубов, кога поминуваш време со своето дете. Остави го вчера зад тебе и не мисли на утре, само живеј го моментот како што децата тоа го прават“, е пораката од Даниел до неговите фанови која ја напиша до фотографијата со синот Давид.
Пејачот пред точно пет години стана миленик на јавноста кога за прв пат се појави во регионалното музичко шоу „Икс фактор Адриа“ во Белград, есента во 2013 година. Во март во 2014 година, Даниел како фаворит на жирито и на публиката победи во шоуто.
Стружанецот кој долги години живееше во Виена, ја претставуваше Македонија на „Евросонг“ во 2015 токму во Виена. По Евровизија, сними неколку синглови, и најави албум кој до сега не го реализираше.
Даниел се ожени со Кристина Димитријевска, поранешна манекенка од модното студио „Црнокрак“, која има освоено повеќе интернационални титули на изборите за убавина. Лани во февруари, им се роди синот Давид