Животот е карма: Харви Вајнштајн се бори со тежок вид на канцер
Странските медиуми јавуваат дека контроверзниот поранешен филмски продуцент боледува од хронична миелоидна леукемија и во затвор се лекува од рак на коскената срцевина.
Харви Вајнштајн имаше операција на срцето во септември, а сега се појавија информации дека тоа не му е единствениот здравствен проблем.
Според Американското здружение за рак, хроничната миелоидна леукемија е вид на рак кој започнува во клетките кои формираат крв во коскената срцевина, а потоа се шири во крвта.
Вајнштајн моментално е затворен на островот Рикерс во Њујорк, каде претрпе серија здравствени проблеми за време на судењето за сексуален напад.
Во септември, тој итно беше префрлен во болница на операција на срцето, откако доживеа болка во градите.
Во јули, неговите претставници рекоа дека тој бил хоспитализиран поради „голем број медицински состојби“, вклучително и коронавирус и двојна пневмонија.
Исто така, беше наведено дека Вајнштајн се бори со дијабетес и висок крвен притисок.
Повеќе од 100 жени излегоа со обвинувања дека Вајнштајн ги силувал или сексуално ги нападнал, што е пресвртница за движењето MeToo (И јас) во борбата за ставање крај на сексуалното насилство врз жените од страна на мажите.
Тој е во затвор во Њујорк, каде што издржува казна за одделни сексуални злосторства, за што судот во Лос Анџелес го осуди на 16 години затвор.