Животот на Мира Фурлан: Поради љубов кон Србин е протерана од Хрватска, и денес живее тешко

Добивај вести на Viber

Хрватските медиуми поради љубовта кон Србин ја нарекоа „предавник

Животната приказна на познатата хрватска актерка Мира Фурлан, која оствари успешна кариера и на нашите простори, но и во Америка, помалку е невистинска, како за некој филм, бидејќи од моментот кога се заљуби во еден Горан веќе ништо не беше исто.

Мира е родена во Загреб, а важеше за секс симбол во поранешна Југославија. Во својата кариера има врни актерски улоги, а врвот на славата го достигна во 1991-ва година кога се отесли во САД и отпочна потполно нов живот.

Имено во 1986-та година го запозна српскиот режисер Горан Гајиќ со кој набрзо почна врска. Бидејќи поради љубовта живееше на релација Белград-Загреб, хрватските медиуми на почетокот на деведесеттите години ја обвинија дека им се предала на Србите и дека е предавник.

Мира со сопругот Горан Гајиќ и нивниот син Марко Лав

Често посетуваше психијатар, поради што беше осудувана од јавноста. Отакако доби отказ од Хрватскиот театар, и беше одземен станот кој го наследи од баба си, а дневно добиваше по 50 закани за смрт.

Мира и Горан во 1991-ва година беа приморани да се одселат од Белград, од каде отидоа во САД и работеа се само за да преживеат. Горан работеше како доставувач, асистент на монтажа и монтажер, а Мира како келнерка, продавачка и како преведувач.

Мира во САД, наскоро почна да прави кариера. Во почетокот глумеше во дури 11о епизоди на научно-фантастичната серија „Babylon 5" во периодот од 1994 до 1998 година.

Во периодот од 2004 до 2008 глумеше во американската серија „Изгубени“ („Lost“) која оствари планетарен успех, а беше исклучително гледана и на Балканот.

Кога е во прашање животот во Америка, таа многупати истакала дека не е лесно.

- Америка, како што знаеме е многу затворена земја, на која не ја интересира ништо за нас. Мислам дека повеќето Американци не знаат каде точно се наоѓаше земјата наречена Југославија. Тоа за нив е нешто непознато- објасни Фурлан во едно интервју.

Таа изјави дека актерите во САД ја третираат како минлива работа , и дека често ја понижуваат без оглед на тоа што има светска слава.