Златни хумани дечиња од Гевгелија: По примерот на Нина продаваат крофни за да ја спасат другарката Луна

Добивај вести на Viber

Во трогателен чин на љубов и поддршка, храбрата Нина Нинковиќ од Нови Сад продаде стотици крофни за да собере средства за лекување на нејзиниот татко Зоран Нинковиќ и стана феномен на Балканот.

Нејзиниот пример решија да го следат и неколку златни деца од Гевгелија, и на гевгелискиот плоштад продаваа крофни и лимонада, како и колачи за да соберат парични средства за лекувањето на нивната другарка Луна.


Имено 14-годишната Луна Поп Костова е во животозагрозувачка состојба (поради асфикција на мозокот при раѓањето се здобила со дијагноза „спастична парализа - квадриплегија“), а веќе една година храбро се бори со сколиоза во последен стадиуми таа мора под итно да оди на операција во Турција.


Може да донирате и вие: