Злобната снаа прошета практично гола: Нејзина цел е да ја надмине свекрвата и за тоа не бира сретства

Бруклин Бекам и Никола Пелц отишле на вечера во грчки ресторан, а за таа интимна средба младата Никола облекла проѕирен кобинизон под кој носела само градник и гаќички

Бруклин и Никола се однесуваат како да се уште на меден месец иако помина речиси една година од нивната венчавка. За интимна вечера за двајца, Никола реши да облече проѕирен костум под кој носеше градник и гаќички, додека на нозете носеше црни тесни чизми со високи потпетици.

Многумина велат дека единствената цел на богататата Никола е да ја „фрли“ својата свекрва Викторија Бекам во втор план, а и дека не бира средства за тоа.

Бруклин ја поддржува и веќе неколку пати им стави до знаење на родителите дека неговата сопруга е на прво место.

За да ја покаже својата посветеност на сопругата, Бруклин на венчавката го зел нејзиното презиме, па сега го викаат Бруклин Бекам Пелц.

Од венчавката до сега, младиот Бекам редовно се тетовира, додека на сите тетоважи тема е неговата сопруга: прво ги истетовирал венчалните завети, па нејзиниот лик, па стиховите што му ги упатувала итн...

Викторија за тоа време се обидува да ги смири страстите, па често објавува фотографии од снаата и синот со коментар „Ве сакам сите многу“.

View this post on Instagram

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Се чини дека ниту моќната Викторија Бекам не сака да ѝ држи лутина на амбициозниот Никола Пелц.

Фото: профимедиа

Извор: Стил курир.рс