Знае да чита и пишува на англиски јазик: Ќерката на Новак Ѓоковиќ е чудо од дете, а татко ѝ сакал да ѝ забрани само едно
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, вчера ја
испрати својата ќерка Тара во прво одделение заедно со сопругата Јелена.
Новак и Јелена се многу посветени родители, а нивното девојче е подготвено за новите обврски кои ја очекуваат како „ловечка пушка“.
Девојчето веќе знае да чита, а свири и виолина.
Имено, малата Тара често е во ложата на нејзиниот татко на неговите натпревари на големите турнири, а во една прилика донела дури и книга за читање.
Станува збор за книгата „Unicorn Academy“ на англиски јазик, кој течно го зборува.
Исто така, на натпреварите на нејзиниот татко, девојката често држи транспаренти, на кои напишала порака за поддршка на нејзиниот татко. „Тато е најдобар“, напиша малата Тара на листот кој го држеше високо на Олимпијадата во Париз, каде Ѓоковиќ го освои златниот медал.
Инаку, кога го победи Алексеј Попирин во 3. коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ се сврте кон ложата каде покрај репрезентативците седеа и неговата сопруга Јелена и децата Стефан и Тара. Ноле се сврте и почна да имитира свирење виолина. Тоа беше негов начин да ја изрази својата среќа за победата, а на конференцијата по пласманот во 4. коло на најпрестижниот турнир во светот, објасни зошто избрал баш таков начин да ја изрази својата среќа.
- Тоа беше за Тара! Мојата Тара свири на виолина веќе некое време, односно шест месеци и тоа беше нашиот договор дека јас така ќе славам - изјави Ноле.
Малата Тара сака и физички активности, па минатата година јаваше коњи во Црна Гора со мајка ѝ, татко ѝ и брат ѝ.
Јелена Ѓоковиќ ја всади љубовта кон книгите кај своите деца.
- Имам навистина убави моменти со децата и најмногу ми се допаѓа кога заедно читаме приказни. Мојот син сака да склопува „лего коцки“ и да слуша музика, а сака да игра и тенис со татко му или да гледаат заеднички натпревар, кој можеби мене не ми е омилен – изјави во една прилика Јелена за хрватски „Стори“.
- Сакам да танцувам со Тара, таа сака да се шминка, но јас не. Но, морам да ја почитувам нејзината слобода на изразување преку таа уметност. Имав ситуација со сопругот каде што критикуваше зошто не ѝ забранувам да се шминка под аргумент дека е уште млада и дека ја учиме на погрешни работи. Тогаш му реков дека таа го сака тоа и дека не можам да ѝ забранам, туку само да ѝ помогнам да го направи тоа подобро – откри Јелена за споменатиот медиум.