Знае како да ужива во животот: Луксузната јахта на Брена долга 30 метри, има 6 спални соби и чини 6 милиони евра – Еве како изгледа одвнатре

Српската пејачка Лепа Брена оможува да крстари низ светот со нејзината луксузна јахта...

Пејачката и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ имаат своја јахта, која според медиумите чини околу 6.000.000 евра. Во една прилика таа откри дека се работи за јахта од 30 метри, која имала „пет-шест спални соби“.

Брачната двојка Живојиновиќ сака да оди на својата јахта во секое слободно време, штом временските условиго дозволуваат тоа, со која обично пловат по јадранскиот брег од Риека до Будва. Пејачката на својата јахта често е домаќин на роднини, пријатели и колеги, а во една прилика со неа била и нејзината пријателка Мирјана Антоновиќ.

„Неколку слики од јахтата на Брена и Боба. Штета е што бев малку болна па не можев целосно да уживам“, напишала Мирјана, пријателката на Брена покажувајќи го луксузот.

Фото: Инстаграм
Извор: Мondo.rs