Зоки Фаци го очекува ризична операција која ќе трае неколку часа: Ќе се оперира во среда, ова се деталите

Добивај вести на Viber

Јутјуберот Стефан Лазаров, објави дека Зоки Фаци во среда ќе се оперира. 

„Можам да ве израдувам дека конечно Зоки ќе оди на операција! Во среда на 18 септември тој ќе се оперира во Систина. За жал му е кажано дека го очекува доста ризична операција која ќе трае неколку часа. Зоки, знам каков борец си и знам дека ќе издржиш и победиш. Те сака помалиот брат и те чека да се вратиш на местото каде што ги поминавме најубавите моменти годинава“, објави Стефан..


Познатиот водител Зоки Фаци води битка со тумор неколку месеци. Народот се соедини и му помогна да замине во Турција на операција. Таму Зоки направил целосни испитувања кои чинеле околу 6000 -7000 евра за 3 дена. Резултатите покажале дека Зоки има тумор од 30 сантиметри и метастази во почетна фаза.

Таму му било предложено дека треба повторно да оди на хемотерапии па тек за месец, два да биде опериран. По ова Зоки одлучи операцијата да ја направи во Македонија.

Фото: Фејсбук