Зорица Брунцликл целосно го промени личниот опис: Со еден потег избриша деценија од лицето, Кемиш побара развод поради корекцијата (ФОТО)
Зорица Брунцлик целосно го промени изгледот по совет на ќерка си и излезе дека донела одлична одлука, бидејќи никогаш не била поубава!
Легендата на фолк музиката Зорица Брунцлик долги години има розова коса која стана нејзин заштитен знак. Таа често експериментирала со стилот, но се трудела секогаш да го задржи природниот изглед со мали естетски корекции.
Имено, за изгледот на Зорица е задолжена нејзината ќерка Златија, која во последно време ги дизајнира нејзините комбинации за настапи, шминката, а сега имала уште еден предлог за нејзината мајка - ја советувала да го промени обликот на веѓите.
Иако се чини дека е само мала промена, пејачката сега изгледа многу поинаку. Веѓите се погусти и поистакнати од порано, а нејзините следбеници веруваат дека со овој потег симнала најмалку 10 години од лицето и дека одлично ѝ прилегаат. Покрај тоа, таа го промени и обликот на шишките.
- Точно е дека работам многу, но најчесто е околу викендот, па остатокот од времето го поминувам грижејќи се за себе. Верувам дека секоја жена, колку и да е зафатена, мора да одвои моменти за себе - истакнува Зорица.
Пејачката на сцената влезе како бринета, нагласи дека никогаш немаше да се обои во „розова“ нијанса доколку не се случеше една грешка. Кога поминала десет дена во Шведска за настапи, останала кај пријател чија ќерка го учела фризерскиот занает.
И денеска се зборува дека сопругот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш „сакал да се разведе“ поради нејзиниот нов изглед. Сепак, многу брзо му се допадна, па сега дури ѝ помага да најде боја.