„Зошто дедо си ја бакнува внуката в уста“: Тој има 62 години, а таа 23 години – Тврдат дека се сродни души иако сите ја осудуваат нивната врска

Добивај вести на Viber

Луѓето ја напаѓаат девојката дека е во врска со богат постар маж велејќи дека таа е со него само поради парите

Љубовта не познава граници. Вака би можела да ја опише врската помеѓу девојка која има 23 години и нејзиниот партнер кој има 62 години – тие тврдат дека се сродни души. Речиси сите парови со голема разлика во години се изложени на грди коментари, а од тоа не се поштедени ниту Вилоу и Дејвид. Очекувано, згодната русокоса луѓето ја обвинуваат дека е со Дејвид само поради пари, додека таа тврди дека искрено го сака.

Двајцата се запознале на „Тиндер“ и само по неколку месеци врска Вилоу добила дијамантски прстен од Дејвид и се вериле. Тие имаат заеднички профил на социјалната мрежа TikTok наречен „Каубој и ангел“ и таму објавуваат речиси сè што се случува во нивната врска. Дејвид вели дека работи во недвижнини, а Вилоу сака да работи со музика.

„Се заљубивме на првиот состанок“, рече Вилоу во видеото објавено на TikTok и додаде дека Дејвид е човекот на нејзиниот живот со кој совршено се согласува на сите полиња.

„Зошто дедото ја бакнува внуката?“

Поради големата разлика во години, луѓето ја обвинуваат дека е со него само за парите, бидејќи тие почнале да живеат заедно два месеци откако почнале да се забавуваат. Вилов тврди дека не знаела колку заработува кога се заљубила во него. Дејвид бил загрижен за разликата во годините, но мајката на неговата девојка го уверила дека „сигурно се познавале во минатиот живот, бидејќи се неверојатно слични“. Тие исто така планираат да се венчаат.

Под видеата што ги објавуваат на TikTok, често се слушаат грди коментари како: „Зошто дедо ја бакнува внуката во уста“, „Да немал пари, таа никогаш не би била со него“. Но, има и такви кои ги поддржуваат: „Не ви е гајле што ќе кажат другите, важно е вие двајца да се сакате“, „Толку сте слатки заедно“.

@cowboy.and.angel  #fypシ  #agegapcouple #agegaplove Lover - Taylor Swift