Зошто денот на жената се прославува на 8 март
Интернационалниот ден на жената кој всушност се прославува секоја година на 8 март на почетокот неговиот датум бил нешто порано. За прв пат денот на жената се одржувал на 28 февруари 1909 година во Њујорк. Година подоцна на Интернационалната конференција на жените било предложено 8 март да биде интернационален ден на жената. Како што постепено ова движење го прифаќале најчесто социјалистичките и комунистичките држави, многу години подоцна во 1975 овој ден е прифатен и од Обединетите нации.
Како што е познато до тогаш женските права во однос на машките биле помали, па поради тоа во одредени земји жените пробувале со симболични движења да се изборат за своите права. Се смета дека во многу порано во 1857 година во Њујорк имало организиран протест од жени работнички. Ова движење го започнува Тереза Малкиел, активист на Социјалистичката партија во Америка, на 28 февруари 1909 година. Година подоцна одржана е Интернационална конференција на жените на која присуствувале 100 жени – активисти и феминисти од 17 земји.
Обединетите нации секоја година имаат различна тема за Интернационалната конференција на жените која претставува борба за истоимената тема целата година. Тема за оваа година е Time is Now: Rural and urban activists transforming women’s lives – Времето е сега: рурални и урбани активисти трансформираат животи на жените. И како и секоја година жените низ целиот свет се собираат на протестен марш борејќи се за своите права и слободи.
Ана Јордановска