Зошто е важно да го изберете ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ?

Добивај вести на Viber

Осигурување на живот скроено по ваша мерка!

Имате заштедено одредени средства и сакате вашите пари да работат за вас? Купување акции и обврзници ви е нешто непознато и комплицирано. Затоа размислувате каде и на кого да ја доверите заштедата? Но, во денешно време кога има многу избор и информации потребно е да се чувствувате сигурно и да знаете дека некој ќе се грижи за вашите пари.

Дали постои решение кое може да ви обезбеди приход и сигурност? Секако. Одлична алтернатива за вас може да биде осигурување на живот поврзано со инвестициски фондови каде со еден производ добивате животно осигурување и можност за дополнителен принос од вложување во удели во инвестициски фондови.

Осигурување на живот поврзано со инвестициски фондови ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ на Кроациа осигурување нуди можност за принос со умерен ризик. Притоа, сами може да изберете колкав дел од премијата ќе го насочите на осигурување живот,  а колкав во инвестицискиот дел од премијата кој е директно врзан за цената на уделите на избраниот инвестициски фонд

Предностите на инвестирање во инвестициски фондови се професионалното управување со средства, можноста за постигнување повисоки приноси во споредба со традиционалните форми на заштеди, диверзификација, транспарентно претставување на трошоците и структурата и голема можност за избор на инвестициски фондови кои задоволуваат различни потреби и инвестициски цели.

Кај ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ траење на осигурувањето може да биде од 10 до 25 години. Наменет е за вложувачи кои се подготвени да прифатат распределба на ризикот преку комбинирано/балансирано вложување во инвестициски фондови со цел остварување повисок очекуван принос на вложените средства  и вложување во осигурување на живот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување на гарантирана осигурена сума.

Станува збор за временски и просторно неограничено осигурување. По истекот на рокот на осигурувањето ви се исплаќа делот кој бил вложен во избраниот инвестициски фонд по цена на уделите на фондот во тој момент како и осигурената сума од договорената полиса.

Затоа не чекајте. Вложете ги вашите пари кај сигурен партнер.