Зошто Меган смее да носи црвен кармин, а Кејт не?

Кога Меган Маркл пред неколку месеци се појави во јавноста со суптилен црвен кармин, многу обожаватели беа изненадени, ако се земат в предвид сторгите аристократски правила кои наметнуваат минимализам кога е шминката во прашање.

„Поп шугар“ пренесува дека иако и двете се војвотки, улогите на Меган и Кејт во кралското семејство драстично се разликуваат. Ако принцот Вилијам стане крал, а Кејт кралица, нејзината улога во Велика Вританија ќе биде исклучително значајна, а поголемата одговорност носи и построги правила кога се работи за изгледот.

Од друга страна, пак, многу се мали шансите принцот Хари да стане крал, а Меган кралица поради сите кои пред него имаат право на оваа титула. Малата веројатност да застане на тронот, на Маркл ѝ овозможува да ги крши модните и правилата за убавина. Токму затоа, Меган многу често ја гледаме и во здолништа многу пократки од оние на Кејт.