Зошто познатиот турски срцекршач се повлече од јавноста? Џан Јаман актерот кој влече корени од Македонија ги загрижи обожавателите

Добивај вести на Viber

Јаман ги избриша своите профили на социјалните мрежи

Џан Јаман стана популарен речиси преку ноќ откако се појави во серијата „Романтичарот“. Ја играше улогата на Џан Дивит, која го однесе до големи височини и го прослави надвор од границите на родната Турција.


Набргу потоа, секој аспект од неговиот живот стана извор на интриги, вклучувајќи го неговото преселување во Италија, раскинувањето со новинарката Дилета и многу повеќе.


На крајот, актерот решил целосно да ги избрише сите свои профили на социјалните мрежи каде имал преку 10 милиони следбеници.

Одлуката на Јаман да се повлече од јавниот живот датира од пред пет години кога реши да отвори фондација наречена „Џан Јаман за деца“.

Организацијата работи на тоа да им даде можност на децата и младите луѓе да изградат успешна иднина за себе.


Иако не се знае зошто Јаман решил наеднаш да ги избрише сите свои социјални мрежи, многумина шпекулираат дека тоа би можело да се должи на огромниот притисок кој го чувствувал од своите фанови и следбеници, кои често го малтретираат со огромен број пораки, повици, лајкови.

Денес Јаман снима серија во Италија наречена „Сандокан“, по сценарио на Емилио Салгари. Рестартирањето го развива европската продукциска компанија Лук Виде.

Џан во актерските води впловил случајно, слушајќи го пријателот кој му ја предвидел оваа вртоглава популарност. Инаку овој турски актер има завршено Правен факултет во Инстанбул, а влече корени од Косово и Македонија.

„Често мислат дека сум од Албанија, но вистина е дека мојот дедо е роден во Приштина, каде што и живеел.“ - открил Јаман во едно интервју, во кое откри и дека баба му е од Македонија.


„Семејството на моите родители емигрираше од Југославија. Баба ми од страна на татко ми е Македонка. Ние одамна живееме во Истанбул и нашето семејство е семејство на адвокати.“ - посочи згодниот актер.