„Зошто стилистите ја мразат оваа жена“: Најубавата жена во Холивуд во стајлинг кој ги запрепасти модните критичари (ФОТО)
Многумина се во прашалници, публиката вели - катастрофа!
Жената која го хипнотизира Холивуд со својата убавина и талент, повторно потфрли на црвениот тепих.
Австралиската актерка Марго Роби (31) е вистинска сензација во светот на филмот во последниве години: освен што е убава, се чини дека нема нешто што таа не може да го одглуми и подготвена е за неверојатни трансформации.
Така е и во филмот The Suicide Squad, чија премиера беше неодамна во Лос Анџелес, а убавата актерка одлучи да избегне елегантен фустан и се појави на црвениот тепих во нешто сосема неочекувано!
Таа за собраните фоторепортери позираше во комбинација на панталони, блуза и топ со вкрстени ленти чиј дизајн го потпишува нејзината омилена модна куќа - Шанел. Сите овие парчиња се дел од колекцијата Cruise 2022, а клучен детал се белите брошеви во форма на цвеќиња. Актерката додаде сандали во бела боја, модел со отворени прсти и стабилна пета од модната куќа By Far.
Во облекувањето на Марго ѝ помогна реномираната холивудска стилистка Кејт Јанг, една од највлијателните славни личности во светот, и ако ги прашате фановите на актерката - можеше и требаше да биде подобро.
„Зошто стилистите ја мразат оваа жена?“, „Таква убавина, и секогаш глупаво облечена“, „Убавицата Марго Роби заслужува повеќе“ ... се некои од коментарите на сметка на овој стајлинг.
Сакале или не, едно е сигурно: Марго е вистинска убавица во каква и облека да се појави.
извор:GLOSSY
фото:PROFIMEDIA