ЗРАЧАТ ОД САМОДОВЕРБА: Жените се чувствуваат најпривлечни во овие години

Добивај вести на Viber

Иако многумина би помислиле дека се работи за дваесетите години, студија докажува дека жените подоцна добиваат високо ниво на самодоверба, и имаат најдобра слика за себе.

Студијата на британскиот ланец "House of Fraser" открива дека жените дури во 30-тите години се чувствуваат атрактивно и пожелно за машкиот пол.

Според истражувањето, во кое учествувале дури 2 000 жени од Велика Британија, жените се сметаат себе си за најпривлечни во 34-тата година. Клучна улога на убавата слика за себе има самодовербата на која работеле во изминатите години.

Исто така повеќето жени потврдиле дека овие години им донесуваат и квалитетна врска, но и дека расте нивното либидо.