Зрачи со сексапил: Гламурозниот фустан на Александра Пријовиќ со кој би можела да прошета и на црвен тепих
Популарната пејачка Александра Пријовиќ покажа како изгледа во елегантен Барби фустан сличен на венчаница и резултатот е спектакл!
„Барби треска“ го зафати светот по филмот за Барби, кој e во улога на Маргот Роби, и тоа „се прелеа“ во светот на модата, па логично, најпопуларната боја на сезоната дефинитивно е розовата!
По многубројните Барби стајлинзи, било во розови фустани или во розови костуми, кои ги демонстрираше Ана Ивановиќ, на ред дојде розовиот стајлинг кој ни го донесе една од најпопуларните српски пејачки, Александра Пријовиќ Живојиновиќ.
Популарната пејачка кога не настапува најчесто избира опуштени и лежерни стајлинзи, но за прилики како прослави или снимање спотови точно знае како да ја погоди целта со гламур!
Овој пат на Инстаграм се појави нејзино видео на кое позира во прекрасен розов фустан, кој зрачи со сексапил, во стилот на вистинска модерна принцеза.
Станува збор за долг фустан, но деколтиран, со прерамки и со предизвикувачки и вртоглав шлиц, кој на фустанот за модерна принцеза ѝ дава шмек на сексипилност, па таа искомбинирала буквално се во еден стајлинг.
Со овој фустан Александра носеше елегантна пунџа, па се личеше на свадбен стајлинг, поради што еден следбеник на Инстаграм изјави дека пејачката „изгледа поубаво отколку на нејзината свадба“.
— Нашата Барбика, — Убава — се само дел од коментарите упатени до популарната Прија.
ФОТО: Инстаграм принтскрин