Жртва на коронавирус: 4-годишно девојче со часови било само со починатото тело на мајка си

Коронавирусот брзо се шири низ САД, а извештаите за нови инциденти на болеста се зголемуваат исто така. За жал, исто така, се зголемуваат извештаите за смртни случаи поврзани со вирусот.

Многу здравствени работници се изложени на ризик од заразување со вирусот, особено затоа што тие постојано се изложени на комуникација со заразени пациенти. Ова е една важна причина зошто се воспоставуваат толку многу безбедносни мерки.  

За жал, здравствената работничка по име Дидер Вилкс почина откако се зарази со коронавирус. Дидер имаше само 42 години кога почина, а е мајка на 4-годишно девојче. 

Што е уште потрагично, 4-годишното девојче од Џорџија било само дома со телото на мајка си со часови откако таа почина.

Од полицијата беше побарано да спроведат проверка во домот на Дидер, оваа недела. Така тие го откриле нејзиното тело и веруваат дека таа починала од 12 до 16 часа пред да пристигнат во нејзиниот дом. 

Дидер работеше како мамографски техничар во болницата во Џорџија. Болницата е оддалечена околу 40 минути од Атланта, а властите спроведоа постхумно испитување на КОВИД-19, што се испостави позитивно. Засега не се знае точно како таа дошла во контакт со вирусот.

Информациите што досега беа објавени, исто така, наведуваат дека немала никакви претходни заболувања.

Детето е сега со таткото, но многу е загрижувачки кога ќе размисите за каков ефект ќе има ова искуство врз детето сега и во иднина.