НЕВАКЦИНИРАНИТЕ СЕ ОПАСНОСТ ЗА НЕМОЌНИТЕ

Добивај вести на Viber

Често сме сведоци на различни мислења за вакцинацијата. Некои се за, други се против. Ова е многу актуелна тема, па токму и затоа решивме да ја третираме. Денес за вакцините, разговараме со д-р Маја Симончева, специјалист по семејна медицина Женски Магазин Кои се придобивките од вакцините? Маја Симончева Со вакцинирање на своето дете, го заштитуваме од заразни болести, а со тоа придонесуваме за одржување на колективниот имунитет. Со колективниот имунитет ги штитиме другите деца или возрасни кои од медицински причини не можат да се вакцинираат. Благодарни ќе бидат родителите на оние деца кои заради имуно дефицитарна болест или малигно заболување не можат да се вакцинираат, бидејќи постои тој колективен имунитет. За да  опстои потребно е барем 95% од децата да бидат вакцинирани. Кои се несаканите ефекти кои може да уследат? Маја Симончева Несаканите ефекти на вакцините се незначителни. Тоа се најчесто локална реакција на местото на апликација, вознемиреност, покачена температура, понекогаш осип. Некои од овие реакции се јавуваат само кај дел од вакцинираните деца. Почесто децата поминуваат без никакви реакции. Дали постои врска меѓу вакцините и аутизам? Може ли реакцијата на вакцина да придонесе за аутизам кај децата? Маја Симончева Мислам дека не постои врска меѓу вакцините и аутизмот. Голем е стравот кај родителите пред да се одлучат да го вакцинираат своето дете, особено МРП вакцината. Правени се илјадници клинички испитувања, а и се уште се прават, со кои не е докажано дека вакцината е причинител на аутизмот. Постојат многу други фактори кои можеби многу повеќе придонесуваат за оваа состојба. Впрочем во една студија која е правена кај нас, 90% од децата кои биле со аутизам не биле вакцинирани од ММР. Дали лекарите или медицинскиот персонал имаат должност да ги информираат родителите за составот на вакцината, пред детето да ја прими? Маја Симончева Да, лекарите се должни да одговорат на сите прашања околу вакцините. Ние сме тие кои треба да им ги разјасниме дилемите на ЗБУНЕТИТЕ родители. Дали вие ги вакцинирате вашите деца? Маја Симончева Да, моите деца се вакцинирани, детето на мојата сестра е вакцинирано…и најголем дел од моите пациенти се вакцинирани. Се трудам да биде така. Дали сите вакцини мора да се примат? Маја Симончева Да, треба да се примат сите кои се во календарот за имунизација. Само така можеме да зборуваме за комлетна заштита на детето од заразните болести. Треба ли родителите самоиницијативно да одлучуваат за вакцинирање на своето дете или не? Маја Симончева Секој сам одлучува за своето дете. Но, пак ќе кажам, невакцинираните се опасност за другите кои се немоќни да се борат со овие опасни болести, кои со години се искоренети кај нас. Постои ли разлика во квалитетот на вакцините? Маја Симончева Сигурно постои, но за квалитетот и безбедноста е одговорна државата, односно агенцијата за лекови, која верувам одговорно си ја врши работата. За Женски Магазин, Вики Чадиковска