Бурите во животот се за да те прочистат, а не да те затворат во себе!

Добивај вести на Viber

Не плаши се од нив, бидејќи тие се тука да се пресметаш со стравот во себе, да го разоружаш сомневањето и да видиш за што сѐ си способен. Немој да мислиш дека бурите ќе траат вечно, нивното траење е толкаво само да ја растресат твојата сила која заспала, и да одговориш колку си подготвен да се бориш за она што ти е најважно во животот. Не плаши се од животните бури, се она што зад нив доаѓа можеш да го наречеш награда ако си поминал. Бурите се тука да те направт стрплив човек, да оставиш трага на позитивна личност која и во негативни ситуации може да ја задржи насмевката на лице. Тие се тука да научиш колку се важни малите и едноставни потези, а не само оние големите кои ги сметаш за важни. Бурите се тука да престанеш да размислуваш во рамки на „јас“ и да почнеш да размислуваш во рамки на „ние“. Бурите се тука да видиш кој е горд што те има и со тебе е, а не кој избегал штом малку згустило. Бурите се тука да те направат посилна личност, тие се тука да го сфатиш се она што во животот си го сакал на другата страна од твојата успешност и дека таа е само една твоја развојна фаза. Бурите се тука да сфатиш дека сите тие личности и сите настани во твојот живот се со причина и дека само од тебе зависи дали ќе останат после сите тешки моменти. Тие се тука да сфатиш дека што подолго нешто чекаш толку повеќе цениш и почнуваш се повеќе да вложуваш во тоа. Секоја бура ја претвораме во нешто, некоја во обичен спомен, а некоја во лекција. Во тоа е и тајната на бурите да не направат способни за живот. Но после се останува тишината, тишината која не е празна, туку е исполнета со одговори, одговори за себе и животот. Ако вистински си преживел бура после неа ќе останеш да ја чувствуваш радоста што е зад тебе уште едно искуство во кое си го почувствувал она најдлабокото кое те довело до најдоброто во животот.