(ВИДЕО) БАБА (109) ГО ДАВА НАЈКРАТКИОТ СОВЕТ ЗА ДОЛГ И СРЕЌЕН ЖИВОТ: Избегнувајте мажи!

Добивај вести на Viber

Најстарата жителка на Шкотска, бабата која има полни 109 години, ја открила својата тајна на долговечноста: јадете ја својата каша и избегнувајте мажи! Стогодишната Џеси Гелен, која никогаш не се мажела, е родена во мала двособна викендичка на фарма, каде живеела со своите пет сестри и браќа. Спиеле на сламени душеци, пренесува Дејли меил. Џеси за медиумите рекла дека нејзината „тајна за долг живот се крие во избегнувањето на мажи, тие создаваат додатни неволји кои не ви требаат“. „Водев сметка доста да вежбам, секое утро да јадам чинија топла каша и никогаш да не се мажам“, заклучува оваа 109 годишна бабичка. Минатата година кога наполнила 108 години, ја навела топлата каша како рецепт за долг живот, сега вели дека избегнувањето на мажи е клучната работа. На вас е дали ќе ја послушате или не ! https://www.youtube.com/watch?v=RAJwZAo1-2s