(ВИДЕО) ГО ПОБЕДИ РАКОТ: Лекарите и даваа 3% шанси дека ќе преживее

Добивај вести на Viber

Ејми Браон (54) е мајка на седум деца и ѕвезда во документарецот на Discovery Channel „Alaskan Bush People“, или „Луѓето од дивината на Алјаска“, која искусила вистинско чудо. Го победила метастазираниот рак на бели дробови иако лекарите во еден момент и давале само три посто шанси дека ќе преживее. Поминала исцрпувачки третмани на зрачење и хемотерапија, се претворила во коски и кожа, но нејзиниот силен дух ја полнел со сила да и спротивстави на кобната болест, пренесува Country Living. Дијагозата која го погодила целото семејство ја добила во текот на снимањето во јули 2017 година. https://www.youtube.com/watch?v=Hpdm0z8qY6o Вели дека чувствувала како нешто не е во ред, посебно откако болките во рамењата станувале се поинтензивни. Во почетокот мислела дека се работи за артритис. Откако дознала од што боледува, се преселила заедно со семејството во дивината на Алјаска, каде живееле далеку од цивилизацијата, од топлата јужна Калифорнија. Таму со месеци немоќна лежела во кревет, а тежината и паднала на 35 килограми. Сопругот и децата не се одделувале од неа. Во декември почувствувала дека и е подорбо, лекарите ја прегледале и ѝ рекле дека ракот повеќе го нема. Тоа било 21 декември. Го добија најубавиот божикен подарок. -Лекарите беа шокирани како и ние. Многу подобро и редовно јаде и се враќа тежината, сега има 47 килограми-рекол нејзиниот сопруг Били. https://www.youtube.com/watch?v=Ozz-w9WYwTg -Уште сум слаба и уморна, и малку ми е тешко, но полека се движам по дома. Последниот третман го имав на 7 декември и треба околу месец дена болката да исчезне-раскажува оваа храбра жена. На Алјаска ова семејство дошло речиси без ништо. Полека ја граделе куќата од она што го пронашле во природата, во шума опколена со див свет. Први соседи им биле мечките. Целта им била да си изградат свое гратче-Браонтаон. Ејми таму направила градина во која садела зеленчук, и тоа многу ја опуштило. Вака изгледал нивниот живот во дивината, една од многуте епизоди прикажани на Discovery Channel: