(ВИДЕО) Им избегала на силувачите благодарение на вредниот совет од мајка си

Добивај вести на Viber

Одењето дома по мрак и мрачни улици за повеќето жени секогаш е многу стресна ситуација, но некогаш е неизбежно, посебно за жени кои живеат во голем град. Дека животот пишува приказни кои подоцна ќе послужат како лекција во животот докажува приказната на оваа млада жена. Јордан Динсмор имала само 20 години кога тоа го почувствувала на своја кожа. Една вечер се враќала дома од работа пред незиниот стан стоеле тројца сомнителни типови. Нивните намери не биле добри, и тоа веднаш можела да го процени. Впериле пиштол во неа, и се заканиле да им ја даде целата готовина и картички кои ги имала со себе, а потоа и наредиле да тргне со нив во автомобилот. Ја натерале и истиот автомобил да почне да го вози бидејќи ниту еден од нив тројца не знаел како да управува автомобил со рачен менувач. Потоа и се заканиле и со силување. Јордан била свесна дека ова е по живот опасна ситуација и единствено што во тој момент и паднало на памет биле зборовите на нејзината мајка: „Немој да се најдеш во ситуација да бидеш сама со нив, бидејќи тогаш нема кој да ти помогне, немаш минувачи околу себе кои би можеле да ти помогнат“. „Тие“ се шифра за сите луѓе кои имаат лоши намери, а Јордан во тој момент размислувала инстинктивно. Знаела дека ако одат на некоја осамена локација веќе никој нема да може да и помогне ниту да ја види, и дека мора да останат на пат каде има сообраќај. Изборот бил прилично едноставен: знаела дека сака да остане жива и дека единствено што и преостанува е да ја отвори вратата и да се стркала низ патот. Тоа и го направила, а возачот од автомобилите кој возеле покрај неа истрчал и ја извлекол од патот. Она за што жали Јордан е единствено што не успеала да ги види реакциите на три тројца мажи. https://www.youtube.com/watch?v=wVkL4XezDm4 „Беа во возило кое беше во брзина, а не знаеја да управуваат со него и токму 20-годишната јас ги намести. Сакав да ги видам нивните лица, само да им докажам дека иако бев жртва, дека на крај се извлеков од тоа“. Оваа приказна Јордан и нејзината мајка ја споделија со светот, а би требало да ја усвојат сите жени.