Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) „ЈАС ЌЕ БИДАМ НЕГОВИ НОЗЕ“: Видео кое докажува како изгледа љубовта на сестра кон брат
Девојчето Хау Динхшујан (9) од Гуангунан област на југозападна Кина, секој ден, на своите мали раменици, го носи својот неподвижен брат во школо.
Таа живее и посетува училиште во истиот интернат како и нејзиниот постар брат кој има 12 години, но кој за жал не може да оди.
Нивната соба за спиење е половина километар од зградата во која имаат часови, а Хау секој ден на својот грб го носи братчето до училницата.
Поради неговиот идентитет, родителите се бореле со мислата да не го школуваат.
„Јас ќе го носам“, рекла Хау. Јас ќе бидам неговите нозе“, така и направила.
Таа е чувар на својот брат во секоја смисла. На снимката се гледа како му помага да се облече и го подготвува за школо а потоа истрајно го носи иако е мала за тоа. Хау не се откажува ни на дожд или лошо време, а ниту кога треба да се искачи по скалите што и задава страшни маки.
За време на распустот таа не одмара.
„Доаѓам на село и на моите родители им помагам околу хранењето на домашните животни и домашните обврски“, вели храброто девојче.
Ова е пример за вистинска сестринска љубов.