ВИКЕНД ИНТЕРМЕЦО: Како настанале македонските хитови?

Добивај вести на Viber

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле. Рубриката „Викенд интермецо“ е серијал преку кој уживате во македонските хитови, но и дознавате како истите настанале. Изборот го прави Ѓорге Стојанов „Диши длабоко“ (Игор Џамбазов) https://www.youtube.com/watch?v=pbhfR7Vpnwg На крајот од минатата година, Игор Џамбазов ја претстави неговата седма книга „Улица диши длабоко“ во која се собрани приказните за стотина песни кои познатиот актер, музичар, писател и шоумен ги има напишано низ годините. Токму во интервју за „Женски Магазин“ откри како настанала насловната тема. - „Диши длабоко“ е напишана 2000 и некоја во Кочани. Поточно во местото Гратче, тоа е она прекрасно езеро над Кочани со боја на маслинка. Напишана е за човек што се вика Зоки, таму попознат како Бисе. Тој и јас, цел живот се викаме „Брату“. И кога ќе дојдев таму на гости, а тој ќе почувствувашe дека нешто не е во ред со мене, ќе го изговореше своето веќе легендарно „Диши длабоко, брату…“. На крајот на летото, свиревме со бендот токму во неговиот град на „Деновите на кочанскиот ориз“. Но, Бисе не се појави. Сепак го видов. Во мобилниот на наш заеднички пријател. Како прска со црево во некој двор, во некоја Англија, во некоја туѓина–раскажа Џамбазов.