Вистинската љубов не промашува

Добивај вести на Viber

Понекогаш се чувствувате како салата во ресторан, постоите а никој не ве сака. Можеби вашиот ум не ги гледа работите какви што се, туку какви би требало да бидат. И затоа другите не ве прифаќаат и не ве разбираат. Недоразбирањата меѓу два света, вашиот и на партнерот, често произлегуваат од различните начини на изразување. Секој разум може истата работа да ја изрази на различни начини.Поради тоа доаѓа до недоразбирања. Веќе на почетокот кога едно лице изразува почит кон друго лице, два различни ума се изразуваат на различни начини. Дури и кога сме малку слични, ние сме различни едни од други, а и малку луди во љубовта. И кога ќе најдеш личност чија лудост се вклопува со твојата, вашата заедничка лудост е она што го нарекуваме љубов. Ако си дозволиме, ако си дадеме прилика, еднаш во животот ќе најдеме некој што личи на вас. Најлоша е борбата меѓу она што го знаете  и што го чувствувате. Но, еднаш во животот треба да сфатите дека битките ги бирате. Не треба да се борите за се и секој, посебно не за оние кои не се борат за вас.Не треба секогаш да издржите до крај. Треба да се откажете од битките од кои не добивате ништо и кои не вредат да се жртвувате. Да си дозволите да погледнете од друг агол.   Дозволете си да бидете среќен или среќна, бидејќи животот е краток за да ги испуштите шансите да ја најдете вистинската љубов, за која секој од нас е роден. Лошите односи не се судени.Во ред е некогаш да дојде до мали кавги, во ред е некогаш да имате различни мислења и ставови, но не е во ред да останете во однос со некој што ве изнверува. Не е во ред да сте со дечко, свршеник или сопруг кој додека ве милува го изговара името на друга девојка.Не е во ред и да затворите очи и да фантазирате дека ве бакнува некој друг. Подобро ништо отколку „поради обврска“. Некој тоа ќе го сфати на 19 години, некој на 35, некој на 40. Зар не сакаме сите посебна љубов? Оној со кој  може да ги живееме нашите соништа. Знаеме дека постои, љубовта не лаже, луѓето лажат.Нема да те разочара љубовта, туку луѓето. Нема формула да се најде вистинската љубов, таа ни е судбински предодредена и може да дозволиме да се случи.Ако останеме во погрешен однос, се полниме со негативна енергија. Мора да верувате во љубовта и дека таа ќе ви се случи. Не дружете се со луѓе кои ве прават несреќни и дајте си шанса за љубов. Престанете да мислите дека може да промените некој. Престанете да мислите дека вашата љубов може да го направи тоа, бидејќи ако не е обострана, не може.Не може да сакаме за двајца. Луѓе вистинската љубов постои. Постои разлика меѓу да покажеш и  да докажеш.Ако оној кој не ве сака не е до вас, подобро да не е никој. Оној кој ве сака, ќе дојде. А по начинот на кој ве бакнува и милува, ќе сфатиш дали е вистинскиот. И тогаш ќе разберете зошто не успеало со некој друг. Оној кој ве сака, ќе биде некогаш лут, но никогаш груб. Никогаш нема да ве навреди. Ќе има и тешко денови, но никогаш нема да помислите дека не ве сака. Ќе има слабости, но ќе имате и вие. Вистинската љубов ве прави среќни, ве исполнува. Ви дава слобода. И не е слепа.Вистинската љубов е прекрасна. Времето не може да ја промени. И едно е сигурно – вистинската љубов не промашува.