Животна училница // Приказни
ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА: Овој старец го даде најмудриот совет за сите оние кои сакаат да живеат среќно!
Постојано трчаме по пари и често забораваме на нашите најмили, на луѓето од нашето окружување кои ни значат. Го губиме системот на вредности, на вистинските вредности. А овој мудрец познат како Лазар Прељиќ има 89 години и не потсетува на вистинските вредности.
На прашањето што е заедничко за сите луѓе во светот, овој старец вели:
-Тоа што детството ни е досадно, брзаме да пораснеме, а потоа сакаме да бидеме деца пак. Што го трошиме здравјето за да стекнеме пари, а потоа ги трошиме парите да го вратиме здравјето. Што живееме како никогаш да нема да умреме, а потоа умираме како никогаш да не сме живееле.
Потоа им дава многу важна порака на младите луѓе:
-Да научат дека никого не може да присилат да ги сака. Да не го навредуваат она што го поседуваат. Да научат дека не е добро да се споредуваат со другите. Не е богат оној човек кој има најмногу туку тој на кого најмалку му треба. Потребни се само неколку секунди да се повреди саканото лице, а потоа се потребни години да се излечи. Да сфатат дека постојат личности кои ги сакаат но тоа не знаат да го кажат ни покажат. Да научат дека со пари може да се купи многу освен среќа. Исто така две личности може да набљудуваат иста работа а да ја гледаат различно. Да научат дека прав пријател е оној кој ти ги знае сите маани а сепак те сака- вели дедо Лазар.
Дали после овие зборови ќе застанеме за миг и ќе се запрашаме каде грешиме?