‘’It’s a beautiful night, we’re looking for something dumb to do
Hey baby, I think I wanna marry you
Is it the look in your eyes, or is it this dancing juice
Who cares baby, I think I wanna marry you“ – „I think I wanna marry you“ -Bruno Mars
Oчите на девојките се секогаш вечно будни за да го одберат вистинскиот венчален фустан од соништата. Вистинска бајка ни приреди хотелот Александар Палас кој е домаќин на Саемот за венчаници 2018-та година, во организација на веб порталот vobelo.mk, a ќе се одржува од 23-ти Февруари до 25-ти Февруари. Без разлика на која страна ќе се завртите, од секоја страна ќе ве засени сјајот и ќе ве освојат венчаници во различни стилови. Преубавите венчаници од сите Македонски креатори ги освојуваа погледите на присутните, се служеше вино и се уживаше во текот на една невестинска бајка.
Македонските дами Светлана Црнокрак, Маријана Станојковска, Викторија Лоба, Зои Блажева, ИваннаХаџиевска, Дунавка Трифуновска, Ива Спасовска и уште многу други блеснаа во креации на своите омилени креатори, и секоја беше посебна на свој начин.
[gallery size="full" ids="19285,19286,19287"]
Модната ревија дефинитивно беше заокружена со појавата на легендарната Тијана Дапчевиќ која секогаш освојува со својата харизма и оригиналност што ја носи во себе. Тијана носеше смела невестинска креација – сако извезено со монистра на модната куќа Елена Лука, модната куќа којашто воедно и го привлече најголемо медиумско внимание на Саемот за венчаници 2018-та.
Овации и светкави блицеви во секој нејзин чекор и појава, како и нетрпеливост за автограм и селфи од најискрените срца- дечињата, карактер кој плени сам по себе,спонтана и своја, simplicity in motion, се само дел од многуте причини зошто Тијана Дапчевиќ е дама што мора да ја запознаете, а ЖенскиМагазин уживаше во нејзиното присуство.
Елена Лука заедно со својот тим и оваа сезона ги освои модните срца, која не пречека како вистински домаќин, и ни докажа зошто посветеноста и љубовта кон својата работа го прави еден бренд истраен и успешен на модниот пазар во Македонија.
Нашиот моден колумнист и lifestyle блогер Нина Беадер со Горан Митров - Бренд Менаџерот на Елена Лука.
Фасцинирани од храбрите дезени и светските невестински трендови вткаени во креациите на Елена Лука, посакавме и ние да имаме своја невестинска бајка што побрзо.
Насмеана и драга со задоволство за ЖенскиМагазин ни изјави:
Женски Магазин: Она што Ни се допаѓа кај Вас како дизајнер е тоа што одите многу храбро во креирањето на Вашите креации, независно за кој тип на личност станува збор, и храброста е тоа што го освојува модното око.Елена Лука: Знаете, кога една работа ја познавате добро, го познавате пазарот, но од се најмногу си ја познавате дарбата, Вие не се плашите да работите и творите. Модата не е само да работите во систем, туку и да наметнете своја флуенца на пазарот.
Женски Магазин: Зошто баш Тијана Дапчевиќ како заштитно лице оваа година?Елена Лука: Затоа што има неколку ликови во Македонија што се инспиративни. Сме работеле со многу личности од естрадата и креативци и сите се посебни на свој начин. Тијана е една од нив, таа има различен сензибилитет, меѓутоа таа има посебна енергија, којашто можеби поинаку влијае на мојата креативност, едноставна, убава и дива жена, сосема инспиративна за моментите што ги создаваме. Ги сака оригиналните материјали и бега од стереотипите, така да таа успешно се вклопува во нашата приказна.
Дами, побрзајте и одберете ја вашата венчаница од соништата, а воедно уживајте во магијата на белиот фустан, романтиката, доброто вино и насмеаните лица.
За Женски Магазин, Нина БеадерFbstrana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/
Инстаграм: @beadernina