,

ГРИЖА ЗА МНОГУ ЛУЃЕ: Бабата ќе го разгали детето

Многу родители се грижат дека бабите и дедовците ќе ги разгалат децата со тоа што многу работи им дозволуваат, не поставуваат граници што е дозволено, а што не и ги опсипуваат со подароци. 

Некогаш дедовците и бабите биле секојдневно заедно со децата и внуците. Но, денес не е исто. Денес за оние кои не живеат во заедница, бабите и дедовците имаат различни улоги во семејството. Денес тие помагаат, но на различни начини. Тие помагаат материјално, со совети, искуства и можат да бидат извор на знаење. Во тешки моменти можат да ви бидат и извор на емоционална поддршка. 

Каков ќе биде односот со бабите и дедовците зависи од повеќе фактори, колку блиску живеат, дали се во работен однос или не и какви им се односите со своите деца. Тие имаат поголемо влијание ако во семејството детето има само еден родител. За децата односот со бабите и дедовците е посебен и се сеќаваат дури и кога ќе бидат многу постари. За многу деца тие се луѓе на кои ќе им се обратат кога им е тешко. Се очекува дека бабите и дедовците ќе имаат поблаг став кон децата и ќе им попуштаат. 

Од луѓето со кои се во контакт децата учат што е прифатливо, а што не е. Некогаш и децата имаат коментар „Но, баба ми секогаш тоа ми го дозволува“. Објаснете му на детето дека правилата кај вас и кај баба му се различни. Причина за страв дека детето ќе биде разгалено нема ако се гледаат само повремено, а родителот е доминантен во воспитувањето на детето. 

Дедовците и бабите се богатство во животот на едно дете, и на нив треба да им се покаже благодарност затоа што вложиле многу.