Дали е вистина дека интелигентните луѓе имаат помалку пријатели?

Добивај вести на Viber

Се смета дека интелигентните луѓе имаат помалку пријатели. Но, зошто е тоа така?

Тие не сакаат да бидат дел од некоја драматична ситуација. Интелигентните луѓе ги прават работите по сопствено убедување. Семејството им е многу важно. Ако се лошо расположени, нема да се одлучат на излегување затоа што се свесни дека со тоа доаѓа и некоја непредвидена ситуација.

Немаат потреба на другите да им ја докажат својата вредност. Благодарни се за малите работи. Среќни се со себе. Независни се и силни. Не се потпираат на другите. Не им е потребно да објавуваат слики на „Инстаграм“ и поради тоа да се чувствуваат повредно. Интелигентните луѓе се свесни кои им се вистинските пријатели, така што не чувствуваат потреба за нови. Свесни се кои се љубопитните, а кои навистина се грижат за нив. Немаат време за долги разговори. Времето го поминуваат сами и не се окупирани со материјалните работи. 

Имаат силен начин на размислување и вредности. Нивниот ум не е ограничен и секогаш имаат нешто да кажат. Имаат мислење за другите, но не им пречи мислењето на другите луѓе за нив.