ДОСИЕ СУБВЕНЦИИ: Претседател на Комисија сакал да стане првиот „Македонски идол“

Добивај вести на Viber

Во обид да дознаеме повеќе информации за луѓето што ја воделе Комисијата која одлучувала на конкурсите во рамките на Законот за поддршка на домашната музичка продукција наидовме на повеќе интересни податоци и факти . Сепак, Константин Карев е човекот со највпечатлива биографија. Станува збор за автор, музичар, интерпретатор и поет од Гевгелија кој пред осум години сакал да стане првиот „Македонски идол“. Снимката од аудицијата не е со најдобар квалитет (бидете трпеливи првите 25 секунди), но вреди да се погледне неговиот уникатен настап со песна која, како што ја најавува и самиот водител, ја слушаме само еднаш, но ќе ја запомниме засекогаш. https://www.youtube.com/watch?v=FrvbU-Ix6eM Овој сестран уметник има и свој канал на „Јутјуб“ каде се достапни дел од неговите дела. На репертоарот доминираат сатирични песни, текстови со социјални и политички пораки меѓу кои се издвојува рефренот „Овчарот најдобар наш“. Карев има и свој блог на кој отворено пишува за неговите искуства во Комисијата која ги оценувала авторите и изведувачите. Овој музичар двапати бил член, пред да го изберат за претседател на „жирито“ кое одлучувало кому ќе му бидат одобрени музички субвенции. Со Комисијата раководел на последниот конкурс кој минатата недела прв го објави „Женски Магазин“. Уште еден музичар, низ годините познат по впечатливите перформанси, но и по уникатниот стајлинг, бил претседател на Комисијата која одлучувала како ќе се трошат народните пари. Станува збор за Васил Фотиу кој раководел со „жирито“ на вториот квартален конкурс за 2015 година. Јавноста го препознава неговото уметничко име- Васко Форти, омилен лик на домашната Твитер-заедница. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов