Животна училница // Приказни
„Живеј како да ќе умреш утре, учи како да ќе живееш вечно“- моќни мудрости од Махатма Ганди
Mохандас Махатма Ганди бил човек кој оставил силни пораки на човештвото за време на својот живот. Специфичен го прави тоа што бил дијаметрално спротивен на денешниот поим „успешен политичар“- тој на својот народ му служел, а не го користел. Го живеел она што го говорел, а говорел мудро.
Ви пренесуваме неколку силни мудрости кои ги оставил за сите нас.
Убаво е да се знаат овие фрази и изреки, но вистинската вредност е во нивната примена. Инаку тоа се само зборови...
1. Биди промената која сакаш да ја видиш во светот.
2. За што размислуваш, тоа ќе станеш.
3. Каде има љубов, има живот.
4. Живеј како да ќе умреш утре, учи како да ќе живееше вечно.
5. Твоето здравје е твое вистинско богатство.
6. Имај смисла за хумор.
7. Твојот живот е твоја порака.
8. Акцијата ги изразува приоритетите.
9. Нашата големина е во можност да се преобразиме.
10.Пронајдете се себе во служба на другите.
11. Луѓето секој ден ја чешлаат и уредуваат својата коса. Зошто не и срцето?
12. Живот без начела е брод без кормило.
13. Молитвата не е само забава на стариот човек. Кога ја разбираме и применуваме правилно, тAа е најмоќниот инструмент на дејствување
14. На светот има доволно за човековите потреби, но не и за неговите алчности.
15. Среќа е кога е усогласено она што мислиш, она што го говориш и она што го правиш.